Цеков: Обвинувањата на градоначалникот на општина Струмица Костадинов за саботажа се лажни и бараме истиот да се извини
Пратеникот Миле Цеков со јавна осуда и до градоначалникот
Костадинов дека изнесува лаги и манипулации и бара извинување.
„Движењето
ЗНАМ донесува предлог решение на основа на факти
Итно мора да
се реши проблемот со водата !
Во нашата
држава има закони и институции да ја утврдат реалната состојба
Јавно ги
осудувам изнесените лаги и манипулации од градоначалникот Коста Костадинов за
наводна саботажа од страна на ЗНАМ и барам истиот да се извини“
„Партијата
Движење ЗНАМ за Наша Македонија нема ниту еден кадар, ниту било каква друга
поврзаност со аферата со немање чиста вода за струмичани!
Обвинувањата
на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов за саботажа се лажни
и бараме истиот да се извини!
За да се
спречат лажните обвинувања на Костадин Костадинов и неговото пренасочување на
вината, ОО ЗНАМ за Наша Македонија Струмица ги повикува надлежните инспекции да
проверат:
Зошто фабриката за прочистуввање вода на ЈПКД Комуналец Струмица, а која е единствен субјект одговорен да обезбеди чиста вода за струмичани, не е во можност да ја прочисти водата.
Да се провери во каква состојба е водоводната дистрибутивна мрежа во Струмица.
Да се провери дали имало судир на интереси и дали техничкиот директор на ЈПКД Комуналец Струмица до пред неколку месеци бил во борд на директори на АД Водостопанство Македонија и која е неговата улога во управување со АД Водостопанство Струмица.
Институциите нека ја утврдат реалната состојба, а ние од ЗНАМ за Наша Македонија ќе понудиме решение“, стои во реакцијата од Движење ЗНАМ за Наша Македонија од Струмица.