Струмица

Струмица првата општина во Државата со електричен јавен градски превоз, набавени се 10 нови електрични автобуси

Струмица одбележува 80 години од ослободувањето и истовремено започна да испишува ново поглавје во нејзиниот развој. За прв пат во својата историја, доби јавен градски превоз и тоа не класичен, туку со 10 нови електрични автобуси.

Струмица е првата општина не само во државата, туку и на Балканот со целосно електричен јавен градски превоз. Овој историски настан за струмичани се одржа на градскиот плоштад во присуство на претставници на дипломатски претставништва, меѓународни организации, Аутомакедонија и Анадолу Исузу, на Струмичката епархија, советници, претседателот на СДСМ Венко Филипче и поголем број граѓани.

За градоначалникот Костадин Костадинов, одлуката да се имплементира целосно електричен јавен превоз е дел од пошироката стратегија и големата слика за општина Струмица која била, е и ќе биде предводник на прогрес и поубав живот за сите нејзини жители.

-Овој проект е јасен пример за тоа како храбрата визија и непоколебливата посветеност, моја лично, на тимот кој стои зад мене и на Советниците во Општината, се гаранција за трансформативни резултати кои вистински имаат позитивно влијание и се од важност за граѓаните. Денес не разговараме само за транспортно решение, туку за инвестиција во здравјето и благосостојбата на нашиот народ, нашите деца и генерациите што доаѓаат. Но, придобивките не се само еколошки! Со изградба на автобуската база во чии рамки ќе бидат поставени фотоволтаични колектори на 5.000 метри квадратни кровна конструкција, со зелена енергија во целост ќе ги задоволиме потребите од полнење на електричните автобуси, без дополнителни трошоци! Ова во пракса значи дека ќе ги намалиме оперативните трошоци и ќе создадеме заштеди што може да се реинвестираат во други витални области. Покрај ова, со вишокот енергија ќе ги осветлуваме улиците на Струмица, со што ќе го олесниме буџетот на граѓаните. Создаваме систем кој нуди вистински финансиски заштеди за Струмичани, обезбедувајќи пристапно превозно средство за учениците, за вработените, за семејствата. Градиме отпорен, издржлив, економски здрав систем на јавен транспорт кој ќе биде од корист за сите наши граѓани, уште многу години, рече градоначалникот Костадинов.

Според директорот на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Драги Поп – Стојанов, ќе има тест период од 30 дена во кој возењето ќе биде бесплатно, а по овој период цената ќе биде 30 денари во градската зона и до максимум 60 денари во приградските зони.

-Вкупно има 7 линии од кои 6 се редовни, а едната се користи само во недела и празници. Шестте линии ги опфаќаат сите населени места во општина Струмица и ова може да се менува, не значи дека е конечна верзија, може да се додава или крати, зависно од потребите на граѓаните, рече Поп-Стојанов.

Автобусите се адаптирани спрема улиците и конфигурацијата на градот и тие не се стандардни, туку малку пократки со должина од 8,5 метри и со капацитет за 55 луѓе.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago