Македонија

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДБЕЛЕЖУВА 22 ГОДИНИ НЕЗАПИРЛИВ РАЗВОЈ

Адора инженеринг одбележува 22 години успешно постоење, како компанија предводник во високата градба, цврсто етаблирана и во други стратешки бизниси.

На 28 август 2002, на празникот Голема Богородица и Денот на рударите, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, потврден стопанственик и врвен менаџер во компании со државна и приватна сопственост, ја основа Адора инженеринг, со примарна дејност градежништво, висока градба. Брендот прерасна во синоним за изградба на докажано стабилни, висококвалитетни, иновативни недвижности, со импозантен биланс од над 400.000 m² изградена површина резиденцијални и деловни објекти. Со диверзификација на бизнисот, компанијата сериозно навлезе во финансискиот сектор и енергетиката. За успешноста и високите резултати на оваа компанија сведочат и добиените 100-тина признанија и награди во Македонија и на интернационално ниво.

Круна на незапирливиот развој на овој реномиран бренд е изградбата на современата установа за социјална заштита на 150 корисници, возрасни лица, „Оаза Адора Илинден Скопје“, што треба да биде отворена до крајот на годинава и се надоврзува на хуманата димензија на компанијата. Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец се познати по филантропската традиција, преку изобилството позитивни практики за поддршка на заедницата. Одбележувањето на 22 годишнината на овој пред сè градежен бренд, е и во духот на најновиот урбан симбол, станбено-деловниот комплекс „Порта Скопје Адора“, што наскоро ќе почне со изградба во строгиот центар на македонската метропола. Покрај Македонија, Адора инженеринг успешно делува и во соседните држави Србија и Грција. Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во посветената работа изминатите 22 години, со многу непроспиени ноќи, нема користено ниту еден ден годишен одмор, изразува голема благодарност на неговото семејство, поранешните и сегашни вработени, на респектабилните институции, деловните партнери и сите добронамерници, без кои Адора инженеринг немаше да биде тоа што е денес и да одбележува 22 години успешна македонска градителска приказна

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago