Радовиш

„КАКВА ВИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ВИ Е ЖИВОТОТ“ – Стен-дап шоу на Драган Маринковиќ-Маца на летната сцена на ЦК „Ацо Караманов“ – Радовиш

„КАКВА ВИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ВИ Е ЖИВОТОТ“ – Стен-дап шоу кое не се пропушта. Понеделник, 26.08.2024,  во 20:30 часот во Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, ЛЕТНА СЦЕНА.

 „КАКВА ВИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ВИ Е ЖИВОТОТ“ е претстава која сериозно влијае на психофизичката состојба на целиот организам. Предизвикува болка во стомакот од смеење, предизвикува солзи од смеење, а постои и можност да го изгубите гласот од толку силно смеење.

 Оваа претстава ќе ве натера внимателно да размислите за себе и за светот околу вас. Ние сме генерација која не сака врска… Се движиме низ апликациите со надеж дека ќе ја најдеме вистинската личност. Би сакале да ја нарачаме нашата сродна душа „онлајн“. Читавме „5 начини да знаеш дали му се допаѓаш“ и „7 начини да ја освоиш“ мислејќи дека можеме да програмираме личност во врска како проект на Интернет.

 Сепак, ние сме тие кои не сакаме врска. Сакаме фасада на врска без труд, држење за рака без да гледаме во очи, застој без сериозен разговор, ветувања без вистинска посветеност. Сакаме да ја прославиме годишнината без 365 дена пред неа. Играме игри без победници и завршуваме сами. Ја сакаме таа љубов како од филм, но ништо не правиме.

 Дали сакаме да бидеме сакани или сакаме да сакаме? Колку бракот ја менува врската меѓу двајца и самата врска? Што е потребно за хармоничен брак? Драган Маринковиќ-Маца на оригинален и уникатен начин дава одговори на вечните прашања за односот меѓу маж и жена. Ова е шоу кое ќе ве расположи, насмее, забавува и сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago