Македонија

Нов топлотен бран со температура од 40 степени, Владата донесе мерки за превенција

Од денеска Македонија ја зафати нов топлотен бран со високи температури од портокалова фаза. Вредноста на ултравиолетоворо зрачење (UV) е 8.

Утринските температури се движеа од 11 до 22, додека максималните во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 32 и 40 Целзиусови степени.

И во Скопје денеска и следние два дена ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец и температура до 40 степени.

Согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во следните три дена ќе се преземаат акции предвидени за „ФАЗА 2 – ПОРТОКАЛОВО НИВО“ на топлотни бранови.

Согласно тоа, Владата во неделата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа:

Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда).

Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago