Радовиш

Промовирана поетската книга ,,Месечева светлина” од роднокрајниот автор Павлина Кошевец во ОНБ ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш

Промовирана поетската книга ,,Месечева светлина” од роднокрајниот автор Павлина Кошевец во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш, како издавач на книгата. Промотор беше писателот Борче Панов, а  во рамките на промоцијата стихови од промовираната книга читаа студенти и ученици од Радовиш. Стихови беа прочитани и за нашата оперска дива Милка Ефтимова во песната Кармен, а беше опеан во една од песните и стариот Камен мост во Радовиш.

 Посебен сегмент од промоцијата беше и ликовната изложба од слики (кои провејуваат и во промовираната книга) на ликовниот уметник од Радовиш – Крсте Тарабунов.

Со музичка улустрација промоцијата ја збогатија – Славе Спасов на акустична гитара и членови од КУД „Распеани радовишани’.

Павлина Кошевец  досега има издадено неколку книги, а со промоцијата на ,,Месечева светлина” беше одржан еден прекрасен роднокраен настан во библиотеката во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago