Бесплатно испитување на остеопороза во аптека Зегин во Радовиш
Во Аптека Зегин во центарот на Радовиш, денеска се врши бесплатно испитување на остеопороза кај повозрасното популација, односно кај пензионерите како најризична катаегорија од оваа болест.
Оваа акција е во органзиацинја на Компанијата Зегин која ја организира за пензионерите како нивни редовни потрошувачи но и за останатите граѓани над 40 години. Од компанијата ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да извршат беспатно испитување да дојдат во текот на денешниот ден, без предходно закажување и најава.
Остеопороза е болест на коските која се развива кога се намалува минералната густина на коските и коскената маса, или кога се менува квалитетот или структурата на коската.
Како најчеста причина за остеопороза се наведува недостаток на калциум и витамин Д, кој е во недостаток како резултат на недоволно изложување на сонце поради слабата физичка активност.
При денешното мерење истовремено се даваат и совети за превенирање на остеопороза во менопауза и во поодминати години, односно користење во исхраната млечни производи и темно лисен и зелен зеленчук, како и користење на суплементи со калциум и витамин Д.
На денешното мерење голем број пензионери од утринските часови беа присутни во аптека Зегин, со цел бесплатно да си ја проверат состојбата со остеопорозата.