Ново Село

За жал, изгоре и платформата на Смоларски водопад, од денеска се забранува пристап на водопадот заради безбедносни причини

Изгоре и платформата на Смоларски водопад, од денеска се забранува пристап на водопадот заради безбедносни причини

Граѓаните со право се прашуваат дали овие пожари кои го зафатија Источниот и Југоисточниот дел на Македонија се предизвикани случајно или намерно. Се сомневаат дека некој намерно ги предизвикува и ја уништува природата во Македонија, но зошто само во овој дел на државата?

Вчера изгоре и платформата на познатиот Смоларски водопад, кој секој граѓанин што го посетил ова место знае дека случајно не може да се запали бидејќи е над вода. Но, ете и тоа се случи и како што вели градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, тоа е сигурно благодарение на  некој „совесен“ граѓанин.    

„Пред половина час некој ,,совесен” сограѓанин ја запалил платформата на Смоларски водопад и предизвика пожар кој се шири кон исток на Беласица. На терен сум со дваесетина граѓани од локалното население, пожарникари од ТППЕ Струмица, вработени во Македонски шуми со цел да се спречи ширењето по непристапниот терен околу водопадот“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Божинов.

„Сторителот мора да биде најстрого санкциониран, зошто ова е зло кон општеството во кое живееме. Од утре се забранува пристап на Смоларски водопад заради безбедносни причини, се додека не биде изградена нова платформа на водопадот“, додава градоначалникот во својата објава.

Информацијата ја потврдија и од ТППЕ од Струмица од каде интервенираа на локализирање на пожарот.

„Денес 29.07.2024 година, (понеделник), околу 18.00 часот беше запалена платформата кај Смоларските водопади при што пожарот брзо ја зафати блиската шума на исток кон Беласица. ТППЕ Струмица веднаш испрати две ПП возила и шест пожарникари-спасители на местото на пожарот. Успешно беше спречено неговото ширење кон околната шума и прераснување во поголем шумски пожар“ стои во известувањето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago