Младиот лекар педијатар вработен во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, од денеска официјално ја презема функцијата директор на Здравствениот дом во Радовиш.
Денеска беше извршено примопредавање на функцијата помеѓу досегашната директорка Симона Цветаноски и новиот директор Стојанче Петров, а информацијата ја објави на социјалните мрежи досегашната директорка Цветаноски која притоа спомна и кои проекти ги реализирала во периодот додека раководела со Здравствениот дом.
„Во моето 12 месечно раководење на Здравствениот дом успеав со многу напори и работење долгогодишниот наследен долг да го сведам на 0 денари, и да го зголемам буџетот многу повеќе од минатите години. Со тоа што институцијата ја оставам во многу добра финасиска кондиција.
За само една година успеав да ја променам старата цистерна за затоплување со нова цистерна, и со ова се реши целосниот проблем со затоплувањето на целиот објект.
Се реализираа бројни бесплатни прегледи како: Ехо на дојка, Проверка на простата кај мажи, Прегледи кај специјалист невролог, мерење на очен притисок кај доктор специјалист по очни болести како и склучен меморандум со пензионери за прегледи кај повеќе специјалисти. Обезбедување на доктор специјалист ендокринолог за прв пат во Општина Радовиш и обезбедување на ЦТГ апарат за бремени жени, опремено ново детско катче за најмалите деца и доделување Јубилејни награди за вработените во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.
Упатување на млади лекари на специјализација и уште многу други успешни спроведени активности.
На денешното примопредавање на новиот директор др. Стојанче Петров му посакав успешно да го води Здравствениот дом“, напиша на својот ФБ провил досегашната директорка Симона Цветаноски.
Д-р Стојанче Петров е млад лекар специјалист педијатар, вработен во детскиот вакцинален оддел во ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш. Негов приоритет во иднина ќе биде како што вели, успешно водење на Здравствениот дом и постигнување на многу позитивни резултати и проекти се во интерес на подобрување на услугата кон граѓаните.