Советот на Општина Радовиш ја одржа 51 седница со дневен ред од 50-тина точки
Советот на Општина Радовиш ја одржа 51 седница со дневен ред од 50-тина точки. Беа изгласани голем број предлог одлуки, предлог заклучоци и предлог решенија а беа поставени и неколку советнички прашања на кои одговраше градоначалникот Ацо Ристов. Пред усвојувањето на дневниот ред советникот Панче Николов излезе со иницијатива како допуна на дневниот ред, да се донесе одлука за додлеување на парична награда од по 15.000 денари на пожарникарите од Радовиш за нивната пожртвуваност во гаснењето на пожарот.
Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Јован Ристов рече дека тие би сакале да ги наградат и по 50.000 а не по 15.000 но да бидат реални и да видат колку пари имаат на располагање во Буџетот.
Градоначалникот Ацо Ристов рече дека оваа иницијатива е избрзана и додаде дека созоната на пожари сеуште трае, и дека за тоа било разговарано и на состанокот на Регионалниот кризен штаб, да бидат наградени сите кои учествувале во гасењето на пожарите.
-Во гасењето на пожарот во Радовиш учествуваа 100 луѓе и пожарникари и полиција и армија, така да ако наградуваме ќе треба сите да ги наградеме. Затоа да не избрзуваме и да почекаме, можеби ќе обезбедиме пари и од државата па сите да ги наградеме. Но да почекаме бидејќи ако сега беше време, јас прв ќе ја покренев иницијативата, но сезоната на пожари се уште трае“, рече градоначалникот Ристов, кој додаде дека и онака општината ќе претрпе огромна штета.
На оваа седница беше усвоена Предлог-Одлуката за измена и деополнување на буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, а беше и верифициран мандатот на новиот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Тодорова по испразнетото место и изборот на пратеник во Собранието на Република Македонија Моника Трајанова.