Македонија

Седум активни пожари во државата, 16 изгаснати

Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата беше разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово се одржа во Центарот за управување со кризи.

„ Утрово се активни седум пожари, ангажирани се сите ресурси и засега нема потреба од странска помош. Успешно се справуваме со актуелните пожари, за денеска се најавуваат и врнежи кои, ако паднат, ќе ја стабилизираат состојбата, но ние активно гаснеме во текот на денот, не чекаме да заврне, па ако пожарите почнат повторно да дивеат, а ресурсите не се доволни, има начин како многу брзо да пристигне помош од странство“, рече директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Под контрола се ставени и пожарите на Серта, нема активно горење, но ситуацијата будно се следи. Немаме потреба од странска помош, земјава има доволно домашни ресурси. Пожарите зафаќаат голема терторија, се работи со силна динамика, очекувани се повреди, иако многу внимаваме на тоа, а најмногу внимаваме на безбедноста на гасначите и населението, подвлече Ангелов, кој спомна и колкава штета е предизвикана на планината Серта од пожарот.

„Според мојата лична перцепција, на планината Серта најголем дел или преку 90 отсто, се изгорени трева, грмушки, трње, нискостеблести растенија и борови покрај патот. Економската штета можеби не е голема, таа е поголема во однос на ресурсите, но еколошката штета е голема, изгоре голем дел растенија чиј коренов систем ја одржува почвата па сега, при врнежи, може да дојде до ерозија“, истакна Ангелов.

Вчера беше предизвикан пожар во с.Дамјан на кој интервенираше ТТППЕ од Радовиш со (4 ТППЕ со 1 МВ ЏИП и 8 мештани) (ниска вегетација и грмушки), пожарот е локализиран.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago