Македонија

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јули 2024 година изнесува 60.570 денари

Според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јули 2024 година изнесува 60.570 денари и е поголема за 245 денари во однос на јуни, кога изнесуваше 60.325 денари, а, пак, во однос на мај, е повисока за 480 денари.

Според Структурата на новата СMK за месец јули  најмногу се троши за храна и пијалоци  22.000 денари. За облека и обувки околу 5000 денари, за транспорт и комуникации вкупно околу 8.000 денари, станарина, вода, електрична енергија, и греење околу 6000 денари, за образование околу 7.000 денари, рекреација и култура околу 4.000 денаи за здравје околу 1.100 денари и друго.

„Министрите кои се гласни дека не треба да се зголемуваат платите затоа што во буџетот нема пари за тоа, земаат плата во висина од 115.540 денари плата (78% зголемена) или со една плата можат да покријат две (2) Синдикални минимални кошници, а работниците на кои им кажуваат дека нема пари за зголемување на плата, едвај преживуваат со 22.567 денари плата и на истите им се потребни 2,7 минимални плати за на своите семејства да им ги овозможат најнеопходните и минимални потреби за преживување“, велат од ССМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago