Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, во своето вчерашно обраќање кон граѓаните, по повод најавените протести на еколошките здруженија од струмичкиот крај, против изградба на топилница за алуминиум, рече дека додека е тој градоначалник, ниту наводна топилница ќе има – ниту загадување ќе има.
„Во рамките на ова обраќање сакам изречно да демантирам одредени гласини кои, за жал, се пласираaт во јавноста, a со цел: неосновано да предизвикаат загриженост.
Со
извртување на фактите, одредени поединци заради бизнис и политичка корист,
скриени под превезот на чувањето на здравата животна средина, сакаат да ги
доведат во заблуда граѓаните кои се искрени борци за здрава животна средина.
Општина Ново
Село се води исклучиво врз основа на позитивните законски прописи на Република
Македонија!
Во
конкретниот случај, сум жестоко нападнат за објект за кој постапуваме врз
основа на документи кои се издадени од државата, односно: Министерството за
животна средина има издадено официјален документ со кој ја известува Oпштина
Ново Село дека во конкретниот случај нема да има загадување во животната
средина.
Во нашиот
случај ние постапуваме како што налага реалноста и должноста и дозволата е
издадена врз основа на овие документи.
Комплетната
документација ја ставам на увид, каде јасно се гледа дека Министерството за
животна средина се изјаснило дека посочениот објект на индустриската зона
викана Онаа страна пред Смолари, која е урбанизирана пред повеќе години, нема
да се креира загадување на животната средина.
Одговорно
тврдам дека доколку постоеше ризик од наводно загадување во некој случај, јас
како млад човек кој со целото семејство е вложен во нашата средина би бил ПРВ
кој ги предводи граѓаните да спречат загадување.
Потенцирам
да се знае: додека сум јас Градоначалник на Општина Ново Село, нема да дозволам
нечии интереси во нашиот регион да ги доведат во ризик интересите на општина
Ново Село. А тоа се: развој, просперитет, нови работни места и најнапред
еколошка здрава животна средина.
За жал, во
сиот овој говор на омраза, препознавам гневна структура, која на подол начин
сака да оствари лична корист и да избегнат одредени обврски кои ги имаат кон
нашата Општина.
Сите наводи
за моја инволвираност ги демантирам како неосновани и злонамерни. Ги повикувам
сите надлежни институции да дојдат на увид и да ја констатираат фактичката
состојба.
На граѓаните од Ново Село им е јасно дека одредени опозиционери имаат потреба да се спасат пред тотална пропаст. Да им порачаме дека ова не е начинот да фрлат сенка на нашата заедничка и доста успешна работа за Ново Село.
Апелирам до моите сограѓани и пошироката Македонска јавност да не дозволат да бидат доведени во заблуда! Ниту наводна топилница ќе има – ниту загадување ќе има. Тоа Ви го гарантирам!“ порача градоначалникот Божинов во своето обраќање.
Инаку денеска се одржуваат протести пред зградата на Општина Ново Село против изградба на топилница за алуминиум на територијата на оваа општина. Главен организатор на протестот е еколошкото здружение „Еко Долина“ од Ново Село, а поддржан е од еколошкото здружение „Здрава Котлина“ од Струмица, локалната еко-политичка организација „Стига е!“ и други еколошки организации. Организаторите на протестот обвинуваат дека топилницата за отпаден алуминиум, која треба да се гради во подножјето на Беласица, во атарот на подгорското село Смолари, ќе ја загадува животната средина и дека случајот има противзаконски аспект.