Македонија

Левица: ПИОМ е нерентабилен – постои ли опасност новата Влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија?

Веќе еден месец се погласни се гласините дека ФОНДОТ за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати пензиите на пензионерите. Според информациите, исплатата на околу 335 илјади пензии е доведена во прашање, соопштуваат од Левица од каде велат дека за нивна исплата потребни се околу 1,4 милијарда евра, а овие средства ги нема во ПИОМ, заради што околу 530 милиони евра се директна инјекција од државниот буџет.

„Години наназад со Фондот управуваат партиски кадри, чие раководење беше потресено со бројни скандали, што го направи ПИОМ нерентабилен и, буквално, го доведе пред колапс. Последен во низата скандали е оној на Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, кој во време на своето директорување со Фондот ù исплаќаше кирија на сестра му и вработи стотици луѓе кои земаат плата, без да се појават на работа.

Дополнително во јавноста протече информација дека од Фондот пензија земаат и косовски државјани, кои никогаш не ни работеле во Македонија – скандал којшто надлежните институции мора под итно да го истражат!

Случајно или не, овие информации почнаа да се пласираат масовно во јавноста, непосредно после изборите, каде од партиите на владејачкото мнозинство ветуваа линеарно покачување на пензиите. Наместо ова, во јавноста протече информација за финансиската дупка во ФОНДОТ, додека во медиумите се шири информација за опасност од зголемување на старосната граница за одење во пензија или поточно – жените да одат во пензија на 64, а мажите на 66 години.

Огромен дел од пензионерите живеат на работ на егзистенцијата, додека со пензиите тешко е да се подмират сметките и платат лекарствата. Работниот народ заслужува достоинствена пензија!

Како што и претходно пратениците и активистите на #Левица ги поддржуваа протестите и барањата на пензионерите, така и сега нема да дозволиме уште едно поткусурување на властите на грбот на работниот македонски народ и на пензионерите. Левица ќе инсистира на реализирање на ветувањата дадени од актуелните власти за повисока пензија и воведување на минимална пензија од 15.000 денари.

За потсетување, во Програмата на Левица, предложена за време на Парламентарните избори, 2024, стоеше мерката за зголемување на пензиите и намалување на годините за одење пензија и тоа: 60 години за жени и 62 години за мажи“, стои во соопштението од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago