Промовирана монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на композиторот Стојан Стојков
Во
Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш се одржа
промоција на монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на истакнатиот македонски
композитор и универзитетски професор Стојан Стојков која претставува еден
преглед на неговиот животен и творечки пат.
Промотор на
истата беше поетот Борче Панов,а за ова значајно дело пред присутните се осврна
и самиот автор, композиторот Стојков.
Поттикнати од искажаното на промоцијата, за авторот на монографијата зборуваа и професорите Ристо Свирков и Славчо Атанасов, кои се потсетија на деновите кога биле ученици.
Стојан
Стојков, роден во 1941 година. Подареш, Радовиш, е македонски композитор и
педагог. Завршил средно музичко училиште во Скопје каде што дипломира на
отсекот пијано, а потоа завршува бразование за музика на Белградската музичка академија, каде
што дипломирал на Одделот за композиција. Стојков е автор на бројни дела од
скоро сите жанрови и форми на музика.
По враќањето во Македонија, паралелно
со творечката ја започнува својата
педагошка дејност.
Најнапред во Средното музичко
училиште во Штип (1967), потоа во Средното музичко
училиште во Скопје (1968), а од 1980 година стана професор на Факултетот за музичка уметност,
каде што остана
до крајот на својот работен
век предавајќи некои од главните стручни
предмети (хармонија,
полифонија, хармонска
анализа и др.).
Во еден период својата педагошка дејност ја проширува и на полето на композицијата работејќи на подготовка на неколку идни студенти, а потоа и истакнати композитори – Гоце Коларовски, Вања Николовски и Слаѓана Кавај. Во делот на неговото „педагошко досие“ спаѓа и придонесот во креирањето на наставните планови и програми за музичкото образование, како во средните музички училишта, така и за основните и средните училишта по предметот – Музичко образование.