Денеска се празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден
Денеска се
празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој се празнува 40 дена
по Велигден и секогаш во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето
Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна
активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе”
и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.
Во спомен на
Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила
празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на
Спасителот на Светот- Исус Христос. По тој повод во црковниот храм Света Троица
во Радовиш беше одржана света божествена литургија.
Во спомен на
овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение
Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден, зашто се
празнува денот на Спасителот на светот – Исус Христос. Иако е востановен уште
во апостолски времиња, празникот на вознесението не се празнувал одделно на
четириесеттиот ден по Велигден туку во Педесетницата биле слеани повеќе спомени
и тука бил стопен и овој спомен. Дури во крајот на 4 век тој спомен е одделен
од Педесетницата, кога се празнува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите,
празник познат и под имињата Духовден (Дуовден) и Света Троица.
Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето.