Македонија

Левица: Партнерот на Мицкоски – Африм Гаши одби амандман затоа што не пишува „СЕВЕРНА“

„Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши, одби амандман од пратеник на Левица со образложение дека е неуреден, затоа што во него не пишува „Северна“. Амандманот се однесуваше на измените во ЗОРОДУ, поднесени од страна на Христијан Мицкоски“ информираат од Левица.

„Претходно постоеше пракса во која пратениците на Левица заедно со пратениците на ДПМНЕ при поднесувањето на амандмани го избегнуваа наметнатото име „Северна“, сè додека, тогашниот спикер – Џафери не почна противделовнички да ги фрла амандманите во корпа. Тогаш ДПМНЕ најави дека од позиција на власт, документите во Собранието ќе бидат прифатени со името Република Македонија, но тоа не се случи.

Потсетуваме дека #Левица понуди бланко поддршка на ДПМНЕ при изборот на собраниски спикер, токму поради вакви причини, каде ќе можат да се заштитат интересите на Македонија!

ДПМНЕ ја одби можноста со гласовите од Левица да избере собраниски спикер кој во собраниските процедури ќе го почитува името на државата и одлучи т.н. „Тиранска платформа“ да ја замени со ,,Косовска платформа“ и продолжување на процесот за севернизација на Македонија, избирајќи спикер којшто има балистички убедувања“ стои во информацијата од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago