Македонија

Левица: ДПМНЕ ја устоличи противуставната двојазичност, отсега и ќе се казнува за нејзино неспроведување

Деновиве во јавноста произлезе фрапантна информација дека Инспекторатот за употреба за јазиците, согласно последното „појаснување“ од министерот за правда, Кренар Лога, може да постапува и против банките во Македонија за (не)користење на албанскиот јазик, реагира политичката партија Левица.

„Од инспекторатот велат дека банките и другите правни лица кои вршат јавни надлежности, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, мора да го користат и јазикот и писмото што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија.

Ова претставува последниот акт на необалистичките структури во Македонија, но овојпат со целосна поддршка од страна на „патриотите“ од ДПМНЕ за целосно разнебитување на македонската држава и водење кон територијална и јазична федерализација на истата со крајна цел – реинкарнација на фашистичката творба: Голема Албанија.

Во духот на крунисувањето на необалистот, поранешниот претседател на политичката партија Алтернатива, Африм ГАШИ, за претседател на собранието на Република Македонија, се поставува едно многу легитимно прашање: Дали ДПМНЕ ја продолжува големоалбанската агенда на новите коалициони партнери?

Ја потсетуваме јавноста дека Политичката партија Левица во својата програма се залага за: поништување на илегалната двојазичност на целата територија на Републиката (преку т.н. Закон за употреба на јазиците), како и укинување на непотребните „пара“ и паралелни институции кои немаат никаково оправдување за нивното постоење меѓу кои и – Агенцијата за употреба на јазиците“, стои во објавата на Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago