Радовиш

Клубот на млади при ОО на Црвен крст- Радовиш избра ново раководство

Клубот на млади при Општинска организација Црвен крст Радовиш успешно ги реализираше изборите за ново раководство.

Изборите се организираа вчера во просториите на Црвен крст Радовиш и на истите учестуваа членовите на Клубот на млади кои преку тајно гласање ги избраа и изгласаа новиот лидер и заменик лидер на Клуб на млади. Додека кандидатите за координативното тело се избраа со јавно гласање.

За Лидер на Клубот на млади со мандатен период 2024-2026 е избрана Евгенија Ристова, за заменик лидер е избрана Вероника Костадинова.

Членови на новото координативно тело се: Александра Лазарова, Александра Донева, Патриција Трајкова, Анастасија Ржева и Ангела Јанкулова.

Честитки до новото Координативно тело на Клуб на млади Радовиш. Ви посакуваме многу успех и среќа во мандатниот период 2024-2026 и многу реализирани проекти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago