Радовиш

ОО на Црвен крст од Радовиш за прв пат беше домаќин на Регионален натпревар по прва помош

Викендот, Радовиш за прв пат беше домаќин на  Регионален натпревар по прва помош во организација на ОО на Црвен крст од Радовиш, а со поддршка на останатите институции како ТППЕ, ОВР Радовиш, ЈЗУ Здравствен дом Радовиш и Општина Радовиш.

Околу 90 младинци се наптреваруваа поделени на две траектории, а околу 80 волонтери од сите училишта од Радовиш и Конче и од ЦК активно беа вклучени во логистичка поддршка.

Имаше 10 работни места по прва помош, 2 работни места за тестирање на знаењето од областа на Дисеминацијата, 2 оази за одмор, освежување, разговор и дружење,

1 катче за забава со игри каде што натпреварувачите се ослободуваат од стресот и за кратко забораваат дека се на натпревар и каде после натпреварот уживаат во жива музика. Ви натпреварот беа вклучени и 40 судии и две дисеминаторки за тестирање на знаењето и вештините на натпреварувачите, 12 лица за поени и жалби, 10 шминкерки и 30 манекени.

Свое обраќање имаа Генералниот секретар на ЦК на Република Македонија Саит Саити и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кои го поздравија овој прекрасен настан, кој се одржуваше во централното подрачје на Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago