Голем пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, а убедлива победа на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата. Но истовремено ова е лекција за останатите политички субјекти, граѓаните покажаа дека кога се работи за македонскиот интерес, тогаш народот се обединува и неправи компромис.
Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав од 120 члена, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени
96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена
од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ
– За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани
запишани во избирачкиот список.
Се гласаше
согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за
парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен
број пријавени наши државјани.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат
ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа
по завршувањето на изборите.
Конечните
резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната
конечност.
Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата и седми претседателски.
Во согласност со Уставот, новоизбраното
Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните
избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку
не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се
состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на
завршувањето на изборите.
Во
вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана
Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево
Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто
обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541
глас.
Најдоцна на 12 мај треба
да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната
претседателка Силјановска Давкова. На 12 мај истекува мандатот на
Стево Пендаровски.