Избори 2024

Апасиев од Охрид: МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ЗА ДА ЗАПРАТ УЦЕНИТЕ ОД БАЛИСТИТЕ

,„Сме си ја ставиле главата во торба кога се спротиставивме на УЧКИ, ДУИ, рекетари, мафијаши. Но ние трчаме маратон, нашата борба е долга. Нашите баби ги даваа своите деца бидејќи немаа пари, ги пуштаа да бидат партизани и така изградиле држава. Нема да дозволиме УЧК-ите да ни ја земат“, порача Димитар Апасиев на митингот во Охрид.

-Нашиот народ е борбен народ, левицата е борбена, ќе влеземе внатре и тоа ќе го осетат и Таљат и Таче и Мицко и сите останати. Со 7, 8, 10 пратеници ние ќе сме силата што ќе го пасокизира СДС. Вака како што тргнало, со Таче, под 20 ќе паднат, рече Апасиев. За ЗНАМ и Максим Димитриевски истакна дека „Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан“.

На митингот во Охрид се обрати и Јована Мојсоска, носител на листа на ИЕ 5 која истакна дека влезот на двајцата пратеници во Собранието покажал како треба да се води вистинска левичарска опција, за разлика од т.н. социјалдемократи кои изминатиот мандат ги распродале сите АСНОМ-ски идеали.

,,Мене ми е малце дегутантно кога слушам дека некој ќе го праќал ДУИ во опозиција, тие имаа можност да ги пратат ДУИ во опозиција тука во советите, но сите бевме сведоци како се продаваше Мауцер и како локалниот шериф Нефи Усеини гради дивоградби, а градоначалникот молчи. Дури и ја сруши плочата на АСНОМ за која градоначалникот мудро молчи. Со Левица на власт ќе ја срушиме дивоградбата на Нефи и ќе ја вратиме плочата на АСНОМ” – истакна Мојсоска.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago