Филипче од Струмица со порака до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ
-Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество.
Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица.
„Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и интересот, тоа општество оди во погрешен правец и назадува. Тогаш нема иновација, тогаш нема револуција, тогаш нема жар за напредок”, рече Филипче.
Филипче е свесен дека кај младите постои незадоволство поради потрошените години и бројните обиди Македонија да се ослободи од минатото и да напредува.
„Во Македонија со години се мачиме да излеземе, да се пробиеме, да се ослободиме од минатото и да ја зграпчиме иднината. Младите, со право, очекуваат повеќе. Но младите не смеат да заборават на клучна работа, која СДСМ ја почна храбро и, за жал, поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ не ја заврши. А тоа е обезбедување на трајни реформи и можности преку интеграција во Европската Унија. Ова е заложбата на СДСМ за младите и тоа не само за вашата генерација, туку и за сите следни генерации”, потенцираше Филипче.