Избори 2024

Мециновиќ од Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Според Носителот на ИЕ2, Амар Мециновиќ, Левица ја поддржа независната кандидатка со тоа што за првпат како партија влегоа во ринг за Претседателските избори, но поентата на Левица се Парламентарните избори.

 ,,Граѓаните знаат дека во Собранието Левица беше еден неверојатен непријател на водењето на СДС и ДУИ како во примерите против спикерот Џафери, така и против сите процеси. Ние дадовме поддршка за формирање на ново мнозинство кога требаше да се турне Заев и да се изгуби неговиот легитимитет и во тоа успеавме”, вели Мециновиќ.  

Левица ја следи желбата на граѓаните, а таа желба е невнесувањето на Бугарите во Уставот. 

 ,,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери, така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача носителот на ИЕ2 Мециновиќ. 

Левица продолжува да се фокусира на проблемите на граѓаните. Програмата на Левица ги таргетира проблемите на граѓаните и нуди конкретни решенија на најгорливите проблеми на ранливите целни групи, на работничката класа и на сите граѓани во Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago