Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува
парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар
Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и
Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со
митинг во Охрид.
Коалицијата
„Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко
собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.
Зијадин
Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на
државата со гласање на пратениците во Собранието.
Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на
ДУИ, Али Ахмети.
Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција
Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на
носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.
Левица
во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на
листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.
Најавени
се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи
Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра,
партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина
Македонија, Единствена Македонија…
Со
потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од
политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и
нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.
Во Државната изборна комисија, вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Седум претставници на подносителите на
листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за
Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена
Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и
не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.
Инаку, кампањата за
парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе
кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.