Избори 2024

Ванковска за уставните измени: МЕДИЦИНСКИ ИЗРАЗ ЗА ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Е РЕТАРД

Претседателскиот кандидат на #Левица – Билјана Ванковска, заедно со носителот на листа Јована Мојсоска, предизборните активности попладнево ги продолжија во Охрид. Во Охрид Ванковска освен што пред граѓаните презентираше делови од програмата се задржа и на актуелните теми во предизборието.

,, – За Охрид може да се зборува и низ една посебна призма која е актуелна на овие претседателски избори, за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Како што знаеме, бугарската јавност и историографија дури го смета Охрид за колевка на бугарштината. Од овде, јас порачувам дека како иден претседател никогаш нема да дозволам внесување на Бугарите во Уставот затоа што во план имам сосем НОВ Устав. Меѓутоа, морам да укажам дека сите оние бајки за одложено дејство на уставни промени се само ЗАМКА во која ќе влеземе, исто како во Преспанскиот договор. И знаете, еден медицински израз за одложено дејство е ретард. И нека размислат што прават.

Ванковска и од Охрид порача дека нејзина заложба е сосема нов Устав зашто постоечкиот, ваков каков што е, не само што не е употреблив, туку е и трибалистички, етнонационалистички и Устав кој дели место да сплотува.

,,- Мојата агенда предвидува иницијатива за донесување сосема нов Устав, кој би го донеле ако не во 2024, бидејќи самиот процес бара време, тогаш во 2025 година. Се разбира конечниот збор ќе го има Парламентот. Меѓутоа низ една дебата, конструктивен процес со граѓаните, да направиме нешто како Чиле што направи, да направиме едно уставотворно собрание, народно, да понудиме еден модел на Устав што ќе го ставиме на увид на јавноста. Сакате ваков трибалистички, етнонационалистички кој не’ дели или сакате да бидеме држава во 21 век”, истакна Ванковска.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска од Охрид порача дека во отсуство на вистинска дебата, противкандидатите поставуваат нереални очекувања и барања, па затоа останува таа и Левица да говорат на овој начин, меѓу граѓаните.,,- Од Охрид ќе порачам дека градот на УНЕСКО, градот на културата, градот на она со што би требало да се гордееме станува град на дивоградби, станува град на неказнивост, станува град на локални шерифи кои во меѓукоалициски договори избегнуваат да го почитуваат законот. При тоа, како левичар, морам да го истакнам и оној момент на нарушување на антифашистичкото наследство над спомен плоча која најбезобразно е тргната од Нефи УСЕИНИ заради изградба на негов објект.”


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago