Избори 2024

Стевчо Јакимовски: Во моментов, најголемиот проблем на граѓаните на Република Македонија е иселување на младите

Во моментов, најголемиот проблем на граѓаните на Република Македонија е иселување на младите. Македонија останува без својата младост, остануваме земја на пензионери и како што доликува на секој раководител, на секој функционер, а пред сѐ на претседател на држава, морам да напоменам дека мора да поведеме сметка за младите, изјави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

“Пред сѐ мораме да почнеме од темелот, затоа што младите бараат образование во коешто ќе се добива знаење, а не образование во кое ќе се добиваат само петки. Младите бараат еднаков систем и еднаква можност за учество на пазарот на трудот, да не му треба никој кога ќе треба да се вработува, туку да се вработува како резултат на своите квалификации и на своето знаење. Младите бараат реформа во администрацијата. Исклучително им смета тоа што некои седат дома, а земаат плата. Повеќе не може никој да седи дома, а да зема плата. Повеќе не може никој со несоодветно образование да зема место на некој што се образовал токму за тоа работно место. Најголем дел од младите се иселуваат не од економски причини, туку најповеќе затоа што не функционира системот“ истакна меѓудругот Јакимовски.

Преземено до: https://www.facebook.com/jakimovskis

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago