Македонија

МЗШВ: Исплатени 1,5 милијарди денари кон 14.300 тутунари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира тутунопроизводителите дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун од реколтата 2023.

„Кон 14.300 тутунопроизводители исплатена е поддршка вредна близу 1.5 милијарди денари. Оваа реколта субвенцијата за тутун е зголемена за 20 денари за сите три класи на тутун, па така субвенцијата за прва класа предаден тутун, за прв пат до сега, постигна вредност од 100 денари по килограм“ информираат од МЗШВ.

„Ова се рекордни бројки и треба да бидат рекордни! Ние ќе продолжиме да правиме се што можеме за уште посилна поддршка на тутунопроизводството, затоа што тоа е култура која се произведува со многу мака, со вклученост на целото семејството, процес кој долго трае, се произведува на отворено и многу зависи од климатските фактори, што значи дека секогаш постои ризик за ова производство, а на многу семејства ова им е единствениот приход. Затоа и велиме дека тутунот е најмачната работа и треба да биде добро платен“, изјави министерот Љупчо Николовски на денешната прес конференција.

Македонија има најквалитетен тутун во регионот, а од тутунот државата годишно остварува околу 120 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува околу 20 илјади семејства.

Од почетокот на оваа 2024 година, до денес, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари што преставува 68% од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство.

„Ги информираме земјоделците и сточарите, дека во наредниот период следува реализацијата на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, директните плаќања за органско производство, поддршката за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности, како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци согласното законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување. Веќе се обработуваат и следува исплата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети“ соопштуваат од ресорното министерство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago