Секојдневна физичка активност, денот го започнува со млеко и мед, тоа е тајната на дедо Ѓорги од Радовиш кој наполни 100 години
Роденденската прослава на дедо Ѓорги Ангелов од Радовиш кој го прослави својот 100 роденден предизвика бројни реакции и коментари во јавноста, како го живее животот и на што се должи неговата виталност и долговечност.
Умерена физичка активност секојдневно и денот го започнува
со млеко и мед, тоа е неговата тајна.
Тој во неделата го прослави својот 100-ти роденден, а
по тој повод неговите најблиски му приредија забава во ресторан со музика и
торта, на која присуствуваа околу 80 гости.
Ете таква прослава имаше нашиот радовишанец дедо Ѓорги, а ние бевме сведоци на сето тоа, со цел да го пренесеме во јавноста но и да испратиме порака, како треба да го живееме животот.
Роден е во Колешино Струмичко на 02 април 1924 година но
тоа не му беше пречка да заигра и да го води орото и на 100 години.
Дедо Ѓорги има 4 ќерки 8 внуци и 14 правнуци и сите се живи и здрави и се радуваа на неговиот роденден посакувајќи и тие да ги наследат неговите гени.
Забавата
ја имаше честа да ја отвори неговата внука Љупка Тренчева, со
однапред предвидена програма, со доделување на признание од страна на
претседателот на Сојузот на борците на општините Радовиш и Конче за неговото учество во НОБ, како и со обраќање на претседателката на
пензионерите на општините Радовиш и Конче.
Инаку Дедо Ѓорѓи живее во иста куќа со неговата внука Љупка,
која му помага секојдневно, но како што вели таа, тој е здрав и витален дедо,
кој се движи сам и е независен финансиски, затоа што е пензионер.
„Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Најчести продукти на неговото мени се: млеко и мед за појадок, за ручек задолжително парче месо (најчесто со ориз, или манџа со месо), а навечер задолжително консумира цедено или мелено овошје, или како што тој го нарекува – „топ шоп“.
На прославата, дедо Ѓорги видно возбуден, продолжи да го води орото но и да раскажува за неговиот живот на кој сеуште добро се сеќава, на втората светска војна, на бугарскиот окупатор, на сремскиот фронт на работата како полицаец и на неговиот живот воопшто.