Избори 2024

Продолжува изборната кампања за Претседателските избори, Мицкоски од Кочани со порака до Пендаровски

ВМРО ДПМНЕ со својот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова вчера одржа митинг во Кочани.

Мицкоски испрати јавни прашања до Стево Пендаровски, кој вели дека осудувал криминал, па на следен митинг да каже дали за него Али Ахмети и Артан Груби се чесни луѓе или криминалци.

„Еве јавно од Кочани да го прашам Пендаровски, кого тој јавно го осуди за сторен криминал? Еве и едно второ прашање, дали Стево за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци? И едно трето потпрашање, те молам немој да се вадиш со онаа, се додека некој не е осуден  тој е невин пред законите. Еве одговори конкретно и јасно на следното место каде што ќе се обраќаш пред десетина луѓе, дали за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека вистината е дека тој сега се моли за поддршката од ДУИ и затоа уште калкулира и не кажува што ќе прави и како ќе прави во оваа кампања.

Мицкоски ги повика присутните, но и сите македонски граѓани на изборите на 24 април масовно да излезат на гласање и да ја дадат нивната поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, затоа што таа е решението за достоинствен претседател на Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago