Радовиш

ООУ „Орце Николов“ од Ињево го одбележа својот патронен празник

ООУ „Орце Николов“ од Ињево денеска го одбележа својот патронен празник со пригодна и свечена програма подготвена од учениците и вработените. На присутните им се обрати директорот на училиштето Дончо Ангелов кој им се заблагодари на сите присутни гости и вработени како и на учениците за нивниот труд како дел од програмата. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, кој им го честита празникот на вработените и на учениците и им посака и понатаму да вложуваат труд во идните генерации.

Доделени беа наградите на учениците кои учествуваа на објавените конкурси, и пехарите на победниците од турнирот во мал фудбал организирани по повод патронот на училиштето.

Во една пријатна атмосфера, присутните имаа можност да го проследат приказот на темата во драмската изведба на комедијата „Чорбаџи Теодос“. Подметната интрига за да се исмее строгиот чорбаџија, инспирирана од анегдотата за присилното кумство. “Чорбаџи Теодос” од Васил Иљоски во изведба на учениците од ООУ”Орце Николов”, под менторство на проф. Елена Илиева. Адаптација на сценарио, сценографија, костимографија и режија Проф. Елена Илиева. Музички соработник Проф. Тодор Стефанов. Ликовен илустратор Проф. Наташа Лефкова.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago