Избори 2024

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Евроинтеграциите ги блокираа ДУИ и СДСМ

„Телевизиската дебата помеѓу Мицкоски и Ковачевски, само го потврди кристално чистиот став на Демократскиот сојуз, дека евроинтегративниот процес е блокиран од ДУИ и СДСМ и одговорност за тоа мора да понесат“, реагираат од партијата.
„СДСМ го прифати „Францускиот предлог“ подготвен во Мала Речица од страна на претставници на ДУИ и Бугарија.Тој предлог беше трансформиран во Преговарачка рамка, во која се вградени сите барања на Бугарија. Во Рамката не е предвидено македонскиот јазик да биде официјален во ЕУ по приемот на Македонија во Унијата, во Рамката се вградени и историски, образовни и идентитетски прашања, што е спротивно на Копенхашките критериуми, предвидена е и имплементација на Договорот за добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија, како и протоколите со кои Бугарија наметнува решенија со кои се негира нашата историја, јазик и идентитетскиот континуитет.
Ковачевски и Ахмети не се обидоа да обезбедат поширок граѓански и политички консензус и не водеа сметка за нашите национални, стратешки и граѓански интереси.

Демократскиот сојуз е цврсто определен за ЕУ, но и за коренити реформи во многу области, како и за Влада растеретена од  корупција и клиентелизам, Влада која ќе воспостави ред во државата и ќе отвори перспективи за младите“, стои во известувањето од Демократскиот Сојуз до медиумите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago