Македонија

Левица ги објави носителите на пратеничките листи во шестте изборни единици

#Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесена штета врз државата.

Носител во ИЕ 1 – Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Носител во ИЕ 2 – Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и сочувување на животната средина.

Носител во ИЕ 3 – Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президумот на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.

Носител во ИЕ 4 – Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.

Носител во ИЕ 5 – Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.

Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.Еднаш засекогаш ќе ги предизвикаме политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници.Од нас сите зависи силата со која ќе го вратиме ударот и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владеат над нас криминалот, корупцијата и профитот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago