Радовиш

Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов во Интервју за телевизија Кобра рече дека ние сме длабоко централизирана држава и тоа мора да се смени, притоа осврнувајќи се на проблемот со склучување на нови договори за снабдување со огревно дрво, за коj како што вели, граѓаните реагирале до него дека се ограничува склучување на договори на 3,5 метри кубни дрва.

„ Ние сме длабоко централизирана држава и одлуките ги носи така наречено Скопје или државата. Некој да ти црпи национално богатство од општината без да те прашува дали е многи или малку, тоа мора да се смени. Илјадници кубици се извезуваат од Радовиш преку приватни компании додека граѓаните се ограничени на 3,5 метри кубни дрва“ вели градоначалникот Ристов.

Тој исто така спомна дека во последните 6 години ЈП за Државни патишта има неисплатено 59 милиони евра кон општините за одржување и градење на локални патишта, а за што ќе била покрената тужба против ЈП преку ЗЕЛС.

Одговрајќи на новинарско прашање градоначалникот Ристов рече дека старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција. Наскоро ќе биде објавен и јавен донаторски повик за собирање донации за целосна реконструкција на Стоковната куќа и претварање во еден сосема нов повеќенаменски објект во центарот на градот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago