Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години
Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален
проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан
по повод завршувањето
од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.
Модерно наводнување на најмалку 6 500
хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет
пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“
чија изградба и официјално е завршена.
Инвестиција вредна над 40 милиони евра,
обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство (МЗШВ).
Новата вештачка акумулација е
изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди.
Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за
производство на електрична енергија.
Со грант од Кралството
Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали
цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на
државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на
хидросистемот.
Покрај
гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за
наводнување и Богданци и околината, како и дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа
претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на
проектот, Хасан Адали.
Браната „Конско“ е дел од
Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните
инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на
руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.