Струмица

Приведени три лица од Струмица, кај нив била пронајдена дрога

Вчера (03.03.2024) во 00.30 часот во Струмица, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Т.(28) од Струмица. Тој претходно бил забележан како на локација во Струмица остава пакување со кокаин, кое било пронајдено од полициски службеници. Во службениот разговор во Полициската станица Струмица тој го признал делото. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот протиив В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (03.03.2024) во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и А.К.(21), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Само пред два дена беше спроведена голема полициска акција во Струмица. Уапсени беа повеќе лица меѓу кои и поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев. Тој во јавноста беше познат како шверцер на цигари на македонско- бугарската граница. Во јули 2018 заедно со уште четири лица, додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница, за што беше осуден на 18 месеци затвор а потоа казната му беше преполовена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago