Македонија

На Свети Трифун субвенции и за лозарите, до 9741 лозаропроизводител исплатени 442.6 милииони денари дополнителни директни плаќања

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

По оваа основа се исплатени 442 милиони денари за 9751 лозаропроизводител.

Висината на директните плаќања е 40.000 денари по хектар.

„И оваа година ја запазуваме традицијата, односно поддршката за лозаропроизводителите доаѓа во пресрет на празнувањето на Свети Трифун – заштитникот на лозарите.

Исто така Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на крајот на 2023 година ја изврши исплатата за мерката за оддржување на лозови насади, со што со реализација на денешната исплата,  вкупната поддршка која ја добиваат лозарите е 52.000 денари по хектар.

Лозаропроизводителите се и корисници на поддршката за субвенционирање на горивото за земјоделската механизација – зелена нафта за која во 2024 година во пресрет на бербата производителите на грозје ќе добијат субвенција за дизел гориво од 9.600 денари  по хектар“ соопштуваат од МЗШВ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago