Последен ден пред истекот на рокот за промена на личните документи, гужви пред ПС во Радовиш
Граѓаните чекајќи нешто да се промени во законот и надевајќи се дека можеби државата ќе се смилува и нема да морат да ги менуваат важечките патни исправи, ги чекаа последните денови пред истекот на рокот за да ги променат докуметите. Денеска во и пред Полициската станица во Радовиш чекаа голем број граѓани да дојдат на ред за да се сликаат за нови документи.
Политичките партии и власта и опозицијата и тие го чекаа последниот ден за да поднесат предлози за законски измени.
Министерот за внатрешни
работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција пред
Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на
законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и
Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по
скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово
ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за
оваа прашање со потписи од 20 пратеници.
Министерот Тошковски
нагласи дека нема доволен број на обрасци за пасоши и возачки дозволи за да се
задоволат потребите на граѓаните.
Заклучно со Законот за патни исправи којшто е важечки, од
13.02.2024 година или од понеделник спрема вторник 00 часот, патните исправи коишто се со старото име нема да важат. Согласно законот за безбедност во сообраќајот, од 13.02.2024 година возачките дозволи коишто се со старото име повеќе нема да важат, ниту за внатрешна, ниту за надворешна употреба. Македонските граѓани пак коишто имаат двојно државјанство, истите ќе можат да патуваат и да прават влез и излез од Република Македонија.
Граѓаните коишто имаат лична карта со старото име нема да бидат спречени од страна на полициските службеници и ќе им биде дозволено да излезат од границите на Република Македонија спрема оние држави со кои имаме билатерален договор, вели министерот Тошковски.
И СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста
на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси, соопшти денеска
владеачката партија, откако МВР соопшти дека од утре нема да важат овие
документи ниту за внатрешна употреба доколку не се обновени со новото уставно
име.
„Пратеничката група на
СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи,
сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде
продолжена важноста.