Православната црква од Радовиш се подготвува за одбележување на празникот Богојавление
Православната црква од Радовиш заедно со Општина Радовиш ги прават последните подготовки за одбележување на празникот Богојавление – Водици.
Традиционалното фрлање на
Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление –
Водици и годинава ќе биде извршено во малиот базен Шампион. Како што информираат
од Православната црква од Радовиш на 19 јануари во четврток во двете цркви
Свети Пророк Илија и Света Троица, ќе се одржи Света Богослужба со почеток во
07:00 часот. Во 9:45 часот ќе биде
извршено лицитација на Светиот крст.
Во
10:15 часот тргнување на литијата на чело со свештениците и верниците кои ќе
присуствуваат на Светата Литургија, од црквата Свети Пророк Илија, која ќе се
спои со верниците од црквата Света Троица, па заедно ќе се движи до базенот Шампион.
Во 10,45 ќе се освети водата во Базенот по што ќе биде ставен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот. За оној кој ќе го фати Светиот крст ќе има пригодни подароци од Општина Радовиш, од црквата и од овогодишниот кум на богојавленската манифестација.
Овие денови активно се подготвува базенот за самата манифестација, односно се чисти и полни со вода од страна на вработените во ЈП Плаваја и во ТППЕ од Радовиш.