Радовиш

Одржана последната седница на Советот на Општина Радовиш во оваа година, донесен Буџетот, дискусија околу цената на водата

Донесен Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, тежок околу 677 милиони денари.  На одржаната 42 седница и последна за оваа година советниците меѓу другото го донесоа и Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година.

Исто така беше усвоена и Предлог Одлуката за извршување на Буџетот на општина Радовиш за 2024 година и Предлог Општински Буџетски календар.

Меѓутоа се разви долга дискусија околу трите Предлог -одлуки за утврдувањето на тарифата  за услугите на ЈП Плаваја на одржаната седница на Совет. Советниците овој пат беа сложни, не ги изгласаа предлог одлуките за цените во наредните три години да ги одредува Регулаторна комисија.  

Откако советниците на вчерашната  седница на советот на Општина Радовиш, беа против донесување на предлог одлука за давање согласност на одлука  за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење на ЈП Плаваја – Радовиш да го одредува Регулаторна комисија,  пред да се стави на расправа предлог одлуката за собирање и одведување на урбани отпадни води  се разви обемна дискусија.  

Градоначалникот Ацо Ристов детално им образложи на советниците за што санува збор, и дека треба да бидат свесни и одговорни да не го доветат во прашање функционирањето на јавното претпријатие.  Советниците се расправаа петнаестина минути кој повеќе работи во интерес на граѓаните, по што детално образложение даде и директорот на ЈП Плаваја, Дејан Крстев, околу состојбата на претпријатието и како тие опстануваат, дека немаат доволен број на вработени поради лошата финасиска состојба и ниската цена на водата за пиење. Тој додаде дека сега граѓаните плаќаат пониска цена на водата за пиење и од моменталниот минимум што го предвидува Регулаторна комисија. Но последните две години претпријатието е во лоша состојба поради високите сметки на струја. Така што тој рече, граѓаните да не се изненадат кога во сметките за февруари следната година ќе имаат повисоки цени на вода за пиење, а со тоа и повисоки сметки. Доколку ваквата одлука не се донесе ЈП Плаваја ќе биде казнета со 6.000 евра, со што дополнително ќе се оштети претпријатието, додаде Крстев.

По обемната дискусија околу трите Предлог – одлуки советниците со 16 гласа против и 2 воздржани не ги изгласаа предлог одлуките за утврдување на тарифникот околу снабдување и одведување на води на ЈП Плаваја  – Радовиш.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago