Радовиш

Новогодишни подароци од рудникот Бучим и годинава за корисниците од ДЦ Порака во Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава ги изненадија корисниците на дневниот центар Порака во Радовиш со новогодишни подароци. Дел од  менаџерскиот тим на рудниците денеска беше во посета на центарот Порака, со цел лично да им ги врачат наменски одбраните подароци, топла облека за да можат да ја користат во зимскиот период.

Од центарот Порака искрено се израдуваа и се заблагодарија за овој гест кој традиционално веќе го очекуваат секоја година.

Им благодарима на раководството на рудникот Бучим што и годинава се сетија на нас и ни подарија прекрасни подароци. Благодарни сме и за останатит донации досега и што секогаш ни излегуваат во пресрет кога имаме потреба“, рече раковидителот на Порака – Радовиш Татјана Костадинова, која додаде дека добро би било и останатит компании во општината да го следат нивниот пример.

Среќата е неизмерна кога ги гледаме нивните насмеани лица колку искрено се радуваат на мало внимание и тоа за нас е најголема награда. Како општествено одговорна компанија ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме во секој поглед, и да донираме секогаш кога им е потребно, не само за новогодишните празници, рече Кристина Крстева, прес- секретар на рудникот Бучим.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago