Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за
дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во
земјоделството за 2023 година. Kрајниот
рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.
Како корисници кај подмерката 1.5 се јавуват
земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка,
краставица, корнишон, зелка, грав и компир, а се корисници на подмерката 1.4
директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско
производство и цвеќе на отворено и во пластеници.
Оствареното производство треба да е предадено на
регистриран откупувач, вклучително произведените градинарски култури за
потребите на сопствениот преработувачки капацитет, или истото е користено за
домашни потреби, или пак е продадено на пазар.
Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска
форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“,
на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk.
Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во
писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на
Агенцијата.
Покрај аплицирањето за
мерката 1.5 земјоделците можат да аплицираат и за мерките
- „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од
подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед,
маслодајна репка и афион“,
- „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од
подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки
капацитети“,
- „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од
подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
- „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од
подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
- „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од
подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
- „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска
анализа на физички и хемиски својства на мед“
Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат
барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни
плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.