Струмица

Во Струмица завршува изградбата на новиот булевар „Братство Единство“ кон Дабиле

По изградбата на првиот булеварски мост „Обединување“, во Струмица завршува и изградбата на новиот булевар „Братство Единство“. Градоначалникот Костадин Костадинов со неговите соработници и членови на Советот извршија увид во финалните  работи, односно асфалтирањето на коловозните ленти.

-Станува збор за едно големо предизборно ветување пред граѓаните, секако со силни заложби, обврската на општина Струмица беше да се изгради мостот, што всушност претставува и првиот булеварски мост изграден во Струмица. Мостот „Обединување“ е завршен, веќе се асфалтираат коловозните ленти на новиот булевар и очекуваме во најскоро можно време според планираната динамика, изведувачот да ги финишира работите. Овде би сакал да го афирмирам Секторот за локален економски развој и Софче Иванова за целата соработка, за целиот ангажман во соработката  со Светска банка како кофинансиер во целиот овој проект. На половина од мандатот, речиси 70 проценти од предизборната програма ја реализираме, остануваат уште неколку реконструкции, уште неколку булевари, Струмица – Дабиле е во полн ек, со сите предизвици со коишто се соочуваме таму.

Се реализира и Социјалната населба, благодарение на нашата пратеничка во парламентот која што поднесе амандман, Љубица Спасова, и секако благодарение на Владата, со пренамена, одобрени се 65 милиони денари за реализација на втората фаза на Социјалната населба, а со крајна цел дислокација на дивите градби од улицата „Климент Охридски“, односно на влезот во Струмица од кај Валандово. Тоа се огромни, капитални проекти коишто претставуваат своевидна трансформација на градот Струмица, поврзување на населените места, конкретно за булеварот „Братство Единство“,  развој на економијата, како што може да видите, тука речиси и да нема парцела, очекувам и тие малку што ги има да се доизградат, локалната економија да заживее уште повеќе во овој дел од  градот, во оваа индустриска зона и нормално во 2024 година очекувам зелено светло од советниците за отпочнување со реализација на новиот градски пазар, за што и примарно беше направен целиот овој булевар. Нека ни е со среќа нов булевар во Струмица, рече градоначалникот Костадинов.

Тој изјави дека Струмица, согласно анализите на многу економски експерти, Струмица е единствениот град во државата којшто не зависи од странски инвеститори.

-Тоа ни дава до знаење нам, како локална самоуправа, како градоначалник, Советот и целата општинска администрација, да бидеме што е можно повеќе фокусирани на локалната економија, на локалните компании кои што се доста ликвидни, затоа што знаеме, колку е голем предизвикот со работната сила и замислете една компанија којашто вработува 3.000 луѓе да дојде во Струмица, тоа значи ќе земе од друго место, не дека не се добредојдени, но сепак многу подраги и многу повеќе ги почитуваме домашните инвеститори, односно струмичките компании, додаде Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago