Радовиш

Ново детско катче во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш за превентивна заштита и прегледи на најмалите и најмилите

Ново детско катче во Здравствен дом- Радовиш наменето за превентивна заштита и прегледи на најмалите и најмилите. Реконструирано и обновено детското советувалиште и конечно, прегледи, вакцинација и патронажни сестри, споени во едно, за комплетен преглед на секое новороденче и на дечињата во предшколска возраст.

Ова денеска го најави директорката Симона Цветаноски информирајќи ја јавноста дека одделот е веќе комплетиран и можат да се вршат комплетни прегледи.

Тим од млад лекар специјалист педијатар Стојанче Петров и медицинска сестра Данче Тодоровска, секојдневно ќе бидат на располагање зе прегледи на дечињата.

 „Во службата за превентивна здравствена заштита вршиме прегледи на доенчиња и предшколски деца. Превентивната здравствена заштита се состои од вакцинации, патронажна служба, систематски прегледи на предшколски деца и прегледи на школси деца. Оваа година се пријавено околу 170 новороденчиња, само за споредба лани биле пријавени околу 210, што значи бројот на новороденчиња годинава во споредба со лани е намален за околу 50 дечиња“, вели д-р Стојанче Петров.

Д-р Стојанче апелира до младите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина за да се спречи појава на епидемија.

 Во ова прилика директорката Цветаноски ги повика пензионерите да се јават на бесплатниот преглед на простата за мажи закажан за во четврток.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago