Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
ЈЗУ
Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со Здружението на пензионери на Општините Радовиш и Конче.
Двете страни потписнички, грижејќи се за здравјето на пензионерите се согласија за спорведување на повеќе бесплатни прегледи во следната 2024 година:
Согласно
меморандумот се обезбедува 4 пати во годината вршење на бесплатни прегледи, како мерење на шеќер и крвен притисок во Клубот на пензионерите во Радовиш и еднаш во годината во четирите ограноци во население места.
Во 2024 година еднаш годишно се одобрува бесплатни прегледи кај доктор по очни болести за мерење на очен притисок и консултација со лекарот.
Потоа
се обезбедува и превентивни прегледи кај доктор специјалист невролог со цел спречување на мозочни удари и третман на компликација кон истите, оваа ставка се предвидува да се изврши трипати годишно во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.
Се обезбедува и прегледи кај доктор специјалист по уво нос и грло три пати во годината.
Согласно
меморандумот се обезбедува и обука во центарот за дијабетис за сите пензионери дијабетичари од страна на медицинско лице.
И до крајот на месец декември годинава
се обезбедува бесплатна крвана слика ПС за мажи.
Вчера Здравствен дом Радовиш успешно ја спроведе активноста,, Здравје за сите“, со граѓаните на Општина Конче, за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните во Конче, без да патуваат во Радовиш.