Радовиш

Нема повеќе крпење дупки, целосна реконструкција на централните улици во Радовиш

Започна реконструкцијата и санацијата на централните улици во Радовиш. Најпрво се изврши реконструкција на улицата Кеј 8 Септември покрај Радовишка река, и ова е како што рече градоначалникот Ацо Ристов пилот проект за реконструкција на улици.

„Сакавме да пробаме наместо крпење на дупки да направиме целосна реконструкција и санација на улиците во центарот на градот. Кога ја направивме пресметката излегуваше речиси исто а побрзо, за 24 часа ние ја асфалтиравме оваа улица со нов слој на асфалт“, рече градоначалникот Ристов кој денеска беше во посета на градежни активности во градот.

Градоначалникот апелира до граѓаните дека во наредните 10 години нема да има копање на асфалтот за некоја комунална потреба.

„Тие што имаат потреба, тоа да го направат сега во наредните три месеци“ потенцира градоначалникот.

Ова е најбрзо реконструираната улица досега во Радовиш, за само 24 часа и ова ќе стане пракса за во иднина.   

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago