Радовиш

Нов ЦТГ апарат за потребите на бремените жени набави ЈЗУ Здравствен дом Радовиш

Здравствен дом Радовиш набави нов електронски ЦТГ апарат, наменет за прегледи на бремени жени и следење на срцевата активност на плодот во мајката.  

„Од денеска новиот апарат е пуштен во употреба и бремените жени од општините Радовиш и Конче, немора повеќе да патуваат во соседните општини за да го извршат овој преглед“, рече директорката на Здравствениот дом Симона Цветаноски.

Инаку ваквите прегледи се бесплатни и пацинетките нема да плаќаат ниту партиципација.

ЦТГ апаратитот е од особена важност за следење за состојбата на плодот кај нормални бремености што го надминале терминот за породување, како и следење на високоризичните бремености, трудници со дијабетес, со хипертензија, застој во растот на бебето и слично.

Кардиотокографија или CTG претставува метода за истовремено следење на феталната срцева акција и контракциите на матката во текот на бременоста, поточно, во третото тромесечие од бременоста, Станува збор за сосема безболен преглед“, вели д-р Васко Спасов, еден од двајцата гинеколози кои во моментот работат на падрачјето на општините Радовиш и Конче.

CTG се користи за откривање и идентификување на пореметувањата на фетусот во третиот триместар од бременоста.

CTG мерењето дава графички приказ на хартија или се зачувува на компјутер за понатамошно следење и евалуација.

Со анализирање на параметрите добиени од CTG и следење на нивната поврзаност се добиваат информации за состојбата на фетусот во текот на бременоста и породувањето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago