Радовиш

Одбележан Светскиот ден за борба против дијабетес во Радовиш

Во присутво на поголем број заинтересирани граѓани,бесплатно мерење на шеќерот во крвта и едукативно предавање организира Здравствен дом -Радовиш по повод Светскиот ден за борба со дијабетесот, 14 ноември. Активноста се одржа во соработка со здружението на дијабетичари од општините Радовиш и Конче, во просториите на ОНБ Браќа Миладиновци  во Радовиш.

 Едукативното предавање го одржа д-р Панче Николов од Здравствениот дом во Радовиш, специјализант по интерна медицина. Тој ги запозна присутните околу мерните единици на шеќерот во крвта, типови на дијабетес, симптомите,  лекувањето и ризик факторите кои допринесуваат до појава на дијабетес.

Дијабетесот е хронично заболување за кое сепак, постои третман преку инсулинска терапија и постојано следење на состојбата.

Вложувањето во иновации за третирање дијабетес вклучуваат и напредни методи на внес на инсулин со подолготрајно дејство, помала потреба од користење на инјекции и боцкање.

И покрај јавните кампањи за подигнување на свесноста кај населението и медицинските иновации кои го подобруваат квалитетот на живот и натаму дијабетесот е се повеќе распространет. Се проценува дека од ова нарушување страдаат над 530 милиони луѓе ширум светот.

Според прогнозите на СЗО до крајот на 2030 година околу 650 милиони луѓе ќе бидат дијабетичари. Речиси половина од заболените поминуваат долго време без соодветна дијагноза, односно не ги контролираат и не реагираат на раните знаци на дијабетес.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago