Усвоени повеќе Предлог-програми и Предлог-одлуки на последната седница на Советот на Општина Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 37 седница со дневен ред од 25 точки, при што беа разгледани и усвоени повеќе Предлог-програми и Предлог-одлуки. На почетокот советниците имаа можност да постават и Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов.
Во продолжение беше усвоен Годишен план за изменување на планот за вработување за 2023 година на Општина Радовиш, од 19 октомври годинава. Потоа предлог- програма за родова рамноправност на мажите и жените во Општина Радовиш , Предлог Одлука за усвојување на урбанистичка ревизија за Општина Радовиш.
На седницата беа усвоени и неколку Предлог –
Измени: за дополнување на програмата за јавно осветлување за 2023, дополнување
на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба реконструкција и одржување
на комунални објекти и локални патишта за 2023 година во Општина Радовиш.
Потоа Предлог Измена и дополнување на Годишна
програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Радовиш,
Предлог измена на План за програма за Развој 2023 и 2024 – Градски Пазар. Потоа
Предлог измена на Развојна Програма и Предлог Развојна Програма за воведување
на ефикасна услуга на централно греење базирано на обновливи извори на
енергија.
Беше донесена и предлог измена на Програмата за финасисрање на проекти за 2023 година и Предлог Програма за измена и дополнување на програмата за функционирање на администрацијата во ЕЛС Општина Радовиш. Предлог одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства за реализација на манифестацијата Самун ем татлија беше една од точките на дневниот ред. На крајот беа донесени и неколку Предлог Одлуки за одобрување на финансиски средства на Здруженија на граѓани и физички лица.
Седницата ја водеше Претседателката на Советот Моника Трајанова.