Македонија

Граѓанските обврзници од втората емисија достапни за граѓаните, барањето може да го поднесат преку шалтерите на банките

Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница  на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници, соопштува Министерството за финансии.

Можноста на граѓаните  да поднесат барање во деловните банки согласно објавениот Проспект е до 6 ноември, а аукцијата ќе се одржи на 7 ноември, по што следува постапката на запишување на обврзниците на име на имателите во Централниот депозитар за хартии од вредност.

„За граѓаните ова е инвестиција во безризичен и сигурен инструмент, кој го издава државата и нуди повеќе придобивки за граѓаните. Меѓу другото покрај тоа што нивната инвестиција е сигурна и без ризик, таа носи и атрактивен принос кој изнесува 10% на вложената сума за двете години на кои е издадената граѓанската обврзница. Односно за вложени 100.000 денари граѓанската обврзница носи принос на имателот од 10.000 денари.

Граѓаните можат да вложат минимален износ од 10.000 денари. Приносот од камата за првата година од 5% ќе биде исплатен на 14 ноември 2024 година и за втората година кога ќе биде исплатена и вложената сума на 14 ноември 2025 година.

Министерството за финансии, Граѓанската обврзница ја воведе на пазарот како нов иновативен производ за кој граѓаните на првата аукција пројавија голем интерес. При тоа беа запишани 2,5 пати повеќе средства од износот на кој беше објавен Проспектот, односно 1.448.030.000 денари“ стои во соопштението од ресорното министерство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago